Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возот кон Неготино догодина ќе јури со 120 километри на час!

Возот кон Неготино догодина ќе јури со 120 километри на час!
Од следната година возот од Ногаевци кон Неготино ќе вози со брзината до 120 километри на час. Денеска почнаа градежни работи на железничката станица Градско со финансии од 9.399.755 евра, обезбедени со заем од ЕБОР. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, радува фактот што со овој ремонт ќе се постигне зголемување на брзината на самите возови. „Намалувањата од 30 до 50 км на час на одредени сегменти од пругата кои беа неминовни, нема да бидат потребни. Просечната брзина ќе изнесува од 100 до 120 километри на час“, изјави министерот кој појасни дека последен пат пругата кон Неготино била санирана пред 45 години. Јанакиески информираше дека целосно е завршен ремонт и се издадени одобренија за употреба на пругите од Табановце до Куманово и од Миравци до Смоквица. Со средства во висина од 17,6 милиони евра го реализираме проектот за ремонт на железничка пруга долж Коридорот 10 на три секции со вкупна должина од 54,4 километри, железничка пруга која почнува од север со Табановце до јужниот дел Гевгелија, наведе Јанакиески. Градежните работи ги прави бугарската компанија ЦК – 13 Холдинг. Инаку на оваа делница ќе се прави замена на дотрајаните дрвени прагови со армирано-бетонски прагови, а се планира да се изврши санација на долниот строј на должина од 2.890 метри. Пероните на стојалиштата во Ногаевци, Стоби и Црвени брегови и во станиците Градско, Кукуричани и Криволак исто така ќе бидат реконструирани со вградување на армирано-бетонски елементи. Идната година се планира реновирање и на повеќе железнички станици, а таа во Скопје ќе добие нов лик.
Слично

Поврзани вести