Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возниот парк на Железници ги доби првите товарни вагони

Возниот парк на Железници ги доби првите товарни вагони

Денеска пристигнаа 107 од планираните 150 товарни вагони за возниот парк на Македонски железници.

Оваа инвестиција ја чини Македонија  14 милиони евра.

На пристигнувањето на вагоните присуствуваа премиерот Груевски, вицепремиерот Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

„Проектот за набавка на нови 150 товарни вагони е во длабока фаза на реализација. Веќе 107 вагони пристигнаа во Македонија, 43 треба да пристигнат во наредните неколку месеци со што ќе се заокружи проектот во којшто инвестираме 14 милиони евра“, изјави Груевски.

-Практично  набавката на новите 150 вагони беше и едно од барањата на бизнисмените, со кои низ долги разговори и преговори  укажуваа дека за се задоволат нивните потреби за брз транспорт неопходна е една ваква инвестиција. Тоа и го сторивме, од денеска бизнис секторот може да биде сигурен дека МЖ транспорт во иднина ќе нуди  квалитетен превоз на стока. Од друга страна пак сега со оваа нова инвестиција Македонски Железници ќе се етаблира и на меѓународниот пазар како компанија која е подготвена да понуди брз и сигурен транспорт на стоки и услуги- истакна министерот на транспорт и врски Миле Јанакиески за време на промоцијата на товарните вагони.

Со претстојната набавка на две третини нови вагони за патничкиот сообраќај во 2017 година ќе се обноват и останатите со што во 2018 биде обновен комплетно возниот парк.

Слично

Поврзани вести