Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Сообраќајка кај кумановско, спаркот предизвика директен судир, има повредени

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Сообраќајка кај кумановско, спаркот  предизвика директен судир, има повредени

На јутјуб се појави снимка од сообраќајната несреќа која се случи вчера на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај село Скачковце. 

На видеото се гледа како автомобилот „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки вози од една во друга лента и на крај се судира со друг автомобил. 

Според полицискиот билтен спаркот го управувал М.З.(21) од селото Скачковце, кумановско, а се судрил со патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(30) од Куманово. 

„По незгодата, Ш.Ш., М.З. и сопатниците од патничко моторно возило „бмв“, Г.Ш.(31) и Н.Ш.(62), двајцата од Куманово биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, соопштија од МВР.




Слично

Поврзани вести