Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ШТИПЈАНЕЦ ВЛЕЧЕ МАЧКА ВРЗАНА ЗА ВОЗИЛОТО: Полицијата го истражува случајот

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ШТИПЈАНЕЦ ВЛЕЧЕ МАЧКА ВРЗАНА ЗА ВОЗИЛОТО:  Полицијата го истражува случајот

Страотна снимка се појави од измачување на животно, а на неа се гледа како штипјанец влече мачка со автомобилот. 

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа возило, а од неговиот заден дел виси мачка. Видеото го споделуваат граѓаните и граѓанските активисти со осуда за настанот. 

Од граѓанската иницијатива „Ние за благосостојба на животните/We for Animal Welfare“ соопштија дека веќе доставиле пријава до Министерството за внатрешни работи по електронски пат, заедно со видеата.

„За сличен случај, во судската пракса веќе постои пресуда од Основниот суд (К-506/22) во Гостивар за лицето Ѓ.Д., кое под исти околности влечело животно – куче, врзано за своето возило, по што му нанело тешки повреди. Не постои разумно, ниту логично објаснување зошто некој би го сторил ова, па оттука ваквите дејствија несомнено имаат обележја на кривичното дело „Убивање и мачење животни“ и против сторителот или сторителите треба да се покрене кривична пријава по службена должност“, велат од иницијативата Ние за благосостојба на животните.

Посочуваат дека од информациите со кои располагаат, видеото е снимено во текот на вчерашниот ден, на патот Штип-Неготино кон планината Серта. Сторителот засега не им е познат, но сметаат дека надлежните институции лесно можат да дојдат до идентитетот на лицето, со оглед на тоа што на видеото се гледа бројот на регистарските таблички.

Полицијата работи на расчистување на случајот. Инаку, неодамна почна судењето за убиството на кучето Феликс во Скопје. 


Слично

Поврзани вести