ВОЗНЕМИРУВАЧКО: СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ - Багер прегази жена на улицата Јордан Мијалков
Порталот „Инфомакс“ објави фотогафија од страшна сообраќајна незгода во која повторно имаме жртва во главниот град.
Како што информираат, страшна трагедија се случи на булеварот „Јордан Мијалков“, каде се случила тешка сообраќајна незгода, при што багер прегази жена во години која за жал почина на лице место.
МВР го потврди инцидентот, и откри дека во несреќата животот го загуби 66 годишна жена.
- Во 11 часот денеска било пријавено дека работно возило, градежна машина – багер, управувано од И.А., на возраст од 42 години, од селото Грчец, скопско, удрило во 66-годишната Л.Ј. од Скопје, која починала на местото на несреќата“, информира МВР.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Утрово објавивме дека вчера дошло до сообраќајка во која животот го загуби малолетничка од Скопје, која починала на пат кон болница.
