Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ИНСТИТУЦИИТЕ ДА РЕАГИРААТ: Деца во Гевгелија измачувале штрк

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ИНСТИТУЦИИТЕ ДА РЕАГИРААТ:  Деца во Гевгелија измачувале штрк

Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија. Според објавите на социјалните мрежи, малолетниците со велосипеди намерно го повредиле штркот.

Здружението за заштитна на животните, Анима Мунди денеска обвини за нов насилен случај врз животни, односно свирепо мачење на штрк во Гевгелија. Како што информираат, група деца го измачувале штркот. Според сведочења на очевидци, кои велат дека постојат и видео-снимки од безбедносни камери, се потврдува дека се работи за свесен и суров чин на насилство. 

„Овој настан не смее да помине незабележано, ниту неказнето. Насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација. Децата кои извршиле ваков чин се жртви на општествената незаинтересираност и игноранција, но и потенцијален ризик за себеси и околината доколку не бидат веднаш опфатени со психолошка и воспитна интервенција. „Анима Мунди“ со години укажува дека хуманоста, сочувството и грижата кон животните и природата мора да се негуваат од најрана возраст – во образовните институции, во медиумите, но најмногу дома. Само преку едукација, системска промоција на етички вредности и одговорно родителство, можеме да изградиме општество во кое вакви акти на суровост ќе станат незамисливи“, велат од здружението и бараат итна реакција од надлежните институции.

Во Македонија претходно имаше и мачења на кучиња и други животно. За убиството на кучето Феликс, има судски процес. 

Слично

Поврзани вести