Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вознемиреност во ТВ Сител - Лажна дојава за поставена бомба

Вознемиреност во ТВ Сител - Лажна дојава за поставена бомба

Вчера новинарите и вработените во ТВ Сител биле вознемирени од дојава дека е поставена бомба во нивните простории.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во 21 часот било пријавено дека непознато лице се јавило во телевизија „Сител“ и кажало оти во студиото има подметнато експлозивна направа.

На местото на настанот се упатиле полициски службеници и екипи од Единицата за антитероризам, по што била извршена евакуација на вработените.

– По извршениот преглед и увид било констатирано дека се работи за лажно пријавување, наведува Министерството за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести