Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вознемиреност во Гостивар од расфрланите мртовечки ковчези: Муфтиството смирува, починатите не биле заразени со ковид

Вознемиреност во Гостивар од расфрланите мртовечки ковчези: Муфтиството смирува, починатите не биле заразени со ковид

Гостиварци стравуваат дека во расфрланите сандаци на градската депонија имало починати од корона вирусот, откако пред неколку дена на социјалните мрежу се појавија фотографии на кои се гледаат отворени мртовечки сандаци.

Но, вечерва за ТВ 21 од Муфтиството од Гостивар изјавија дека не постои можност во сандаците за починати да имало лица кои биле заразени со ковид, зошто тие се погребуваат според посебни протоколи.

-Одговорен за погреб на починатите со сите верски обреди е Одборот на џамијата, на чело со верскиот службеник во одредениот регион (село или населба). Починатите од Ковид-19 се погребуваат според протоколите на надлежните државни органи. Верските одреди се вршат по погребувањето (со ковчег). Доколку не е вршено миењето и тој/таа не е починат повеќе од три дена и се гарантира дека телото стоело во комора и во текот на отворањето нема лоша миризба, тогаш тој починат се чисти и се вршат сите верски обреди. А за ковчези се грижи одговорното лице на селските гробишта, одборот на џамијата со семејството на починатиот“, велат од гостиварското муфтиство за ТВ 21.

Случајот е веќе пријавен во полицијата и се уште се истражува за што конкретно станува. Oд СВР Тетово велат дека веќе се обезбедени фото и видеоматеријали поврзани со случајот и истражуваат дали постојат основи на сомнение за сторени кривични дела. Полициските служби преземаат мерки за откривање и трагаат кој и зошто ги оставил ковчезите.


Слично

Поврзани вести