Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗИЛОТО НЕМАЛО ДОЗВОЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ПЛОШТАДОТ, возачот е приведен, ќе следи прекршока и кривична пријава

ВОЗИЛОТО НЕМАЛО ДОЗВОЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ПЛОШТАДОТ, возачот е приведен, ќе следи прекршока и кривична пријава

Град Скопје излезе со соопштение за возило кое утринава пропадна на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. 

Како што соопштуваат од таму, возилото е на приватната компанија чиј камион неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што причинил материјална штета. 

Тие напоменуваат дека  возилото нема дозвола за движење на плоштадот, иако има поднесено такво барање.

- Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок. Градот Скопје по извршениот инспекциски увид издадоа санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спортивно ќе следи прекршочна и кривична пријава - појаснуваат од град Скопје.

Пропаѓањето на возило на плоштадот Македонија не е првпат, а ваквата појава со свои постови ја одбележаа голем број скопјани, како и следново во кое плоштадот е спореден со Бермудскиот триаголник. 


Фото: Принскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести