Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возило во кое се возел министер учествувало во сообраќајка

Возило во кое се возел министер учествувало во сообраќајка

Службеното возило „пасат“ на министерот за култура Хусни Исмаили, попладнево учествувало во сообраќајна несреќа пред наплатната рампа Тетово-Гостивар.

Во сообраќајната несреќа покрај автомобилот марка „пасат“ учествувало и товарно возило.

При несреќата нема повредени лица, сите учесници се во добра здравствена состојба и единствено е причинета материјална штета, соопштуваат од Министерството за култура.

На местото на несреќата се врши увид.

Слично

Поврзани вести