Возило во движење се запали во Кичево
Автомобил во движење вчера околу 10.35 часот се запали на улица „Борис Кидрич“ во месноста Стар Лопушник во Кичево.
Е.М.(63) од Кичево го управувал автомобилот.
„Нашите проценки велат дека при овој пожар причинета е материјална штета од околу 20.000 денари, а реалниот износ на штетата ќе ја потврди осигурителната компанија каде што е осигурано возилото“, изјави командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соколески.
ТППЕ Кичево интервенирала со едно возило и пожарот целосно го ликвидиравме.
Слично
