Возило на кумановска фирма изгоре на Стража
На бензинска пумпа на Стража синоќа во 22.15 часот дошло до опожарување на теренско возило „Ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од кумановецот В.Б.(32), а сопственост на приватна фирма од Куманово.
Пожарот настанал во моментот кога возилото е полнето со гориво. Пожарот избувнал од долниот дел на моторот, а од страна на вработените возилото било истуркано надвор од бензинската пумпа. Веднаш потоа пожарот го зафатил целото возило.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Гостивар, пожарот е изгаснат.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Гостивар.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
Слично
