ВОЗИЛО НА БРЗА ПОМОШ НА ПРИВАТНА БОЛНИЦА СЕ СУДРИ СО МЕРЦЕДЕС - има и повредени
Синоќа на булеварот „Партизански одреди“се случила тешка сообраќајна несреќа. Во неа возило на Брза Помош од приватната болница „Неуромедика“, кое превезувало пациент, се судрило со друго возило „мерцедес“.
Според првичните информации повреден е еден пешак, возачот на „мерцедесот“, две медицински лица како и пациентот кој бил во болничкото возило.
Веб порталот Точка објави видео и фотографија од настанот.
Погледнете го видеото.
фото и видео: портал Точка
Слично
