Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возила „Гранд Чероки“ и „Фиат уно“ опожарени ноќеска на паркинг во Скопје

Возила „Гранд Чероки“ и „Фиат уно“ опожарени ноќеска на паркинг во Скопје

Половина час по полноќ во скопската населба Ново Лисиче се опожарени два автомобили.

Според полицијата се работи за  џип „Гранд Чероки“ и автомобил „Фиат уно“.

Во инцидентот нема повредени, а неофицијални информации велат дека Џипот е на лице кое поседува неколку сендвичари во Скопје.

Жителите на булаварот „Видое Смилевски – Бато“ прво слушнале силен удар, а потоа и алармот на Џипот, но не успеале да го спасат возилото кое се уште и утринава е на паркинг пред зградата и се гледа големото оштетување.

Полицијата во текот на денот врши увид и оттаму ја отфрлија можноста дека е подметната бомба под џипот, како што пишуваа некои медиуми.

Слично

Поврзани вести