Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возете внимателно: Еве каква е состојбата на патиштата

Возете внимателно: Еве каква е состојбата на патиштата

Поради врнежи од снег, од 08:50 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец Маврово- Дебар.

Од АМСМ информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Слично

Поврзани вести