Возете се заедно за да заштедите и да го намалите загадувањето
Град Скопје се приклучува на глобалната иницијатива „Сподели возило“ како дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност под мотото „Сподели превоз, заштеди пари, зачувај ја средината“.
Идејата е да се сподели превоз со колегата, соседот, соученикот бидејќи во Скопје има премногу автомобили на улиците, а најчесто возачите се сами. Тоа може да се промени ако им дадете превоз на вашите соседи или лица со кои делите заедничка дестинација.

Ваквата сообраќајна култура подолго време се развива во европските земји, а одлични резултати може да даде и во Скопје, сметаат градските власти.
Слично
