ВОЗЕТЕ СЕ ДОДЕКА Е ГАГА: Во 20 часот вечерва завршува бесплатното возење со ЈСП оти загаденоста се намалила
Од вечер во 20 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз. Оваа информација пристигна од Град Скопје од каде посочуваат дека се укинуваат вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 30 јануари 2018 година.
Тие се повикуваат на добиени информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 µг/м3 и епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината
„Со тоа, мерките и
препораките за намалување на загадувањето на воздухот се укинуваат веднаш. Но, Град Скопје за да им
овозможи на граѓаните коишто на своите работни места пристигнале со автобус, бесплатно
да се вратат дома, од вечер
(01.02.2018 година) во 20 часот го укинува бесплатниот јавен превоз“, соопштија од Град Скопје.
Додаваат дека овие мерки повторно ќе стапат на сила но само ако се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.
