Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возела велосипед, по што ја каснало куче скитник и завршила во болница

Возела велосипед, по што ја каснало куче скитник и завршила во болница

Скопјанка на возраст од 56 години со тешки повреди e однесена во болница oткако ја нападнало куче скитник. 

Вчера околу 13.45 во Полициската станица Центар е пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ со тешки телесни повреди е донесена В.Д.(56) од Скопје. Според пријавеното, околу 07.50 часот, додека возела велосипед кон работното место, на подрачјето на Центар ја нападнало куче скитник, по што паднала и се здобила со повреди.  Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршиле увид.

Во главниот град многу често кучиња скитници напаѓаат граѓани. Овие настани се евидентирани во полицискиот билтен. 

Слично

Поврзани вести