Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗЕЛ СО 252 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Полицијата уапсила 36 годишен штипјанец

ВОЗЕЛ СО 252 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Полицијата уапсила 36 годишен штипјанец

Вчера во 18:35 часот на автопат „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј.(36) од Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

„При сообраќајна контрола полициски службеници констатирале дека Г.Ј. управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 252 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час“, велат од МВР. 

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.

Слично

Поврзани вести