Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗЕЛ СО 2,02 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА И УДРИЛ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ - уапен жител на Радовиш

ВОЗЕЛ СО 2,02 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА И УДРИЛ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ - уапен жител на Радовиш

Пијан возач од Радовиш е уапсен откако возејќи мотор прегазил двегодишно дете кое со потешки провреди е хоспитализирано. 

Лицето Б.З. (40) од Радовиш е уапсен вчера во 17.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш.

Од МВР денеска соопштија дека во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш.

Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слично

Поврзани вести