Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗЕЛ СО 190 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС! Уапсен возач од тетовско

ВОЗЕЛ СО 190 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС! Уапсен возач од тетовско

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско.

Како што сопшти МВР, при сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.  

Лицето било  приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”. 


Слично

Поврзани вести