Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗЕЛ СО 173 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - МВР го уапси „бесниот“ возач од Вруток

ВОЗЕЛ СО 173 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - МВР го уапси „бесниот“ возач од Вруток

Жител на село Вруток е уапсен поради тоа што возел со дури 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово. 

Како што информираат од МВР вчера во 14.55 часот на автопатот Гостивар - Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од село Вруток кој возел со брзина од 173 километри на час.

 З.С. управувал моторно возило „голф“, а дозволената брзина на авотатот е 80 километри на час.

Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава. 

Слично

Поврзани вести