ВОЗЕЛ СО 111 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС, А ДОЗВОЛЕНО БИЛО 50: уапсен жител на Тетово
Возел со брзина која е двојно поголема од дозволената, по што бил уапсен.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работни на регионалниот пат Тетово кон село Јажинце вчера во 16.10 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово.
Како што соопштија од МВР, тетовецот е приведен затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час.
Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
