Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗЕЛ ПРЕБРЗО И ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ, НЕ ЗАПРЕЛ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН: обвинителите бараат одземање возачка, пасош и други мерки по тешката сообраќајка

ВОЗЕЛ ПРЕБРЗО И ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ, НЕ ЗАПРЕЛ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН: обвинителите бараат одземање возачка, пасош и други мерки по тешката сообраќајка

По тешката сообраќајна несреќа која се случи ноќта меѓу петокот и саботата, обвинителите бараат одземање на возачката, забрана за напуштање на живеалиште и други мерки на претпазливост за 47 - годишниот возач кој возел со големо количество алкохол во крвта. 

- Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница предложи јавниот обвинител за 47-годишник против кого е поведена истрага затоа што постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик - соопштуваат утрово од Јавното обвинителство на Македонија. 

Од таму дополнуваат дека ноќта на 2 март веднаш по полноќ, осомничениот учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил „Мерцедес“ по левата сообраќајна лента од ул.”Св Кирил и Методиј”, но притоа не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што свесно го довел во опасност животот и телото на луѓето.

-  Возилото го управувал со алкохол од 1,35 промили, со брзина поголема од дозволената и не забавил и не запрел на обележаниот пешачки премин. Од тие причини, со предниот дел од возилото удрил во левата страна од телото на една оштетена која како пешак попречно го преминувала коловозот на пешачкиот премин. Од ударот жртвата се здобила со тешки телесни повреди – скршеница на долни екстремитети - се појаснува во соопштението. 

Мерките на претпазливост се предлагаат со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката и спречување од повторување на делото.

 Во сообраќајката како што претходно објави Министерството за внатрешни работи е повредена 25-годишна битолчанка. 

Слично

Поврзани вести