ВОЗЕЛ ЦИК-ЦАК, СО 91 КИЛОМЕТАР НА ЧАС... Еве за што се се товари Васил, кој ја прегази Фросина на Партизанска - судењето е во тек
Почна судењето за Васил Јованов, момчето кое во јануари годинава смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на пешачки премин на Партизанска во Скопје.
Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години.
Рочиштето кое се одржува во Кривичниот суд, прв образложение даде обвинителот Александар Марковски, кој рече дека не станува збор за обична сообраќајка, заради начинот на кој била направена и бројните пропусти на обвинетиот Васил.
Обвинителот нагласи дека имаат бројни докази кои покажуваат како обвинетиот возел цик-цак, со 91 километар на час, преминал две ленти и низа други сообраќајни прекршоци, а нагласи и дека имаат изјави од дури осум сведоци.
Судењето на смртното прегазување на младата дизајнерка Фросина Кулакова почна денес и е во тек. Случајот го води судијката Снежана Марковска.
Фото: Вангел Тануровски
