ВОЗЕЛ АУДИ СО 3,4 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИЛА ПРИ СЛУЧАЈНИ КОНТРОЛИ - 49 годишен демирхисарец ќе добие кривична пријава
И по сите немили настани, кои резултираа со смртни последици на многу наши сограѓани, на дел од возачите кои „хараат“ низ државава, по се изгледа никако да им дојде памет.
Имено, вчера во демирхисарско, случајно, при редовни полициски контроли, бил фатен 49 годишник кој во 19 часот, возел со 3,4 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќајот, но ќе доние и кривична пријава.
За ова информираше Министерството за надворешни работи.
„На 28.05.2025 во 19 часот на патот Битола-Демир Хисар полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Р. (49) од с.Обедник, демирхисарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило ауди со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал В.Р. и по преземени мерки констатирано е дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,43 промили алкохол во крвта. В.Р. е исклучен од сообраќај, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
