Воздухот средно загаден, Макрадули смирува дека не е страшно
Скопје попладнево е 21-от најзагаден град во светот, стои на листата на air visual.
Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Велес, Кавадарци, и Кочани се средно загадени.
За разлика од претходните денови, аерозагадувањето сега е помало.
„Не е точно дека Скопје редовно се наоѓа меѓу петте најзагадени градови во светот“, вели заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, кој тврди и дека не се точни податоците од мерењата на воздухот, кои често пати се појавуваат на социјалните мрежи.
Податоците од, како што вели Макрадули, „Али експрес“ сензорите, непотребно прават паника меѓу луѓето.
Но, од почетокот на оваа година Скопје беше и прв најзагаден град во светот.
Слично
