Возачот од автобуската несреќа се уште нерасположен за испитување
Ниту денеска јавното обвинителство нема да го испитува возачот на автобусот од сообраќајната несреќа во која загинаа 15 патници на патот Скопје - тетово минатата недела.
Тој се уште бил под стрес од несреќата и се уште не можат да му се вратат мемориите за тоа како се случила несреќата. Наместо него, засега исклаз даваат патниците кои седеле блиску до него.
Од обвинителството тврдат дека мобилниот телефон му бил веднаш одземен за да нема манипулации, но се уште нема извештај од МВР за податоците кои може да се извлечат од апаратот.
Истрагата за големата несреќа ја водат двајца обвинители и во моментов чекаат детали од МВР и од Машинскиот факултет, каде што се наоѓа автобусот.
Слично
