Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачот на „Шарената револуција“ Лидија Димова ја постави таблата со новото име

Возачот на „Шарената револуција“ Лидија Димова ја постави таблата со новото име

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, на својот профил на Фејсбук со статус „Сторено“ објави дека е поставена таблата со новото уставно име на институцијата која ја раководи.

Димова е позната како пратеник во претходниот собраниски состав, а беше возач на комбето на „Шарената револуција“.

Откако е назначена за директорка на крајот од 2017-та објави дека нема да се бави со политика додека е на функција.

„Мојата работа во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност бара од мене да се посветам на евроинтеграциите на РМ, но исклучиво низ призмата на стручноста. Затоа, од денес натаму, ќе се воздржам од секакви политички коментари и моите партиски функции ќе ги ставам во мирување“, објави тогаш екс-пратеничката која жестоко ја критикуваше претходната власт.

Буџет на агенцијата која ја раководи е околу 350.000 евра, но распределува распределува грантови на училишта, градинки, универзитети, струденти, ученици, млади, спортисти, стручни соработници итн. во вредност од над 6 милиони евра 


Слично

Поврзани вести