Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачот на Палчо пуштен од притвор

Возачот на Палчо пуштен од притвор

Стефан Димковски, возачот кој го возеше Љупчо Палевски-Палчо,главниот осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, низ Србија, Бугарија и Турција, е пуштен да се брани од слобода.

Димковски е осомничен за помагање при бегство на Палчо, а одлуката за укинување на ефективниот притвор ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му ја продолжуваше мерката.

„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, потврдија и од Обвинителството.

Димовски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, апред медиумите рече дека го возел Палевски „во болница“.

Димковски беше уапсен на граница кога се врати во Македонија. Се верува дека тој им дал насоки на полицајците каде се наоѓа Палчо во Турција.

Во притвор, остануваат осомничените за реализација на убиството и таткото Александар Ѓорчевски.


Слично

Поврзани вести