Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧОТ НА ЈСП КОЈ ТЕПАШЕ ПАТНИК СУСПЕНДИРАН, покрената е процедура, соопштуваат од ЈСП

ВОЗАЧОТ НА ЈСП КОЈ ТЕПАШЕ ПАТНИК СУСПЕНДИРАН, покрената е процедура, соопштуваат од ЈСП

По објавата дека возач на ЈСП тепал патник во автобус во кој превезувал патница на редовна линија, од ЈСП соопштуваат дека возачот е суспендиран. 

- Ве информираме дека ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот. Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место - се наведува во нивното соопштение. 

Претходно Министерството за внатрешни работи за дел од медиумите во земајва потврди дека вчеравечер се случил инцидент во автобус на ЈСП каде возачот по претходно несогласување со еден од патниците, физички го нападнал и му нанел видливи повреди.

– На 19.07.2022 во 21.17 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека лице кое управувало автобус на ЈСП број 24, по претходно недоразбирање, физички нападнало патник во автобусот. Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Скопје.

Слично

Поврзани вести