Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачот на Итната помош Иле Гоцевски од Кочани ќе биде постхумано одлукуван

Возачот на Итната помош Иле Гоцевски од Кочани ќе биде постхумано одлукуван

Возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски кој почина по трагичната несреќа во Кочани, откако превезе голем број пациенти до болниците во Кочани и Скопје ќе биде постхумно одликуван. 

Ова го најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. 

- Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам - изјави Таравари. 

Во однос на информациите дека инфаркт имал уште еден возач на Брза помош, Таравари рече дека таква информација во Кризниот штаб досега немаат.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести