Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачот на Бојан Јовановски: Го возев и во Владата

Возачот на Бојан Јовановски: Го возев и во Владата

Личниот возач на Бојан Јовановски, обвинет во случајот „Рекет“, денеска како повикан сведок на рочиштето рече дека го возел Боки 13 и во Владата.

Стојан Арсовски рече дека го носел Јовановски во многу институции, меѓу кои УЈП, Министерството за внатрешни работи и во Влада.

На два пати Јовановски го носел кај бизнисменот Орце Камчев и дека бизнисменот, како што рече тој, бил многу љубезен со него. Камчев еднаш на Јовановски му дал држач за слики.

-Еднаш доби подарок држач за слики едвај го напикав во кола, истакна возачот.

Судот на 17 февруари ги објави ПИ-мерките од следењето на Јовановски и осудениот Зоран Милевски Кичеец од 21 јуни, па сѐ до денот на апсењето.

Во тој период Боки 13 според снимките одел на гости кај обвинетата за злоупотреба на службената положба Катица Јанева, а Милевски на 3 јули влегол, се задржал кратко во Владата и излегол.


Слично

Поврзани вести