Возачот на автобусот кој се преврте не бил пијан
Не бил пијан возачот кој управувал со автобусот кој се преврте вчера кај Карпалак.
Веднаш по несреќата јавниот обвинител имал првичен разговор со возачот и притоа тој не дал
релевантни податоци за целиот настан. Јавниот обвинител усно е известен
дека анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај
возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции. Со
барање на листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на
несреќата користел мобилен телефон, соопштија од Основното јавно обвинителство.
Слично
