ВОЗАЧОТ МАНОИЛ ТРИФУНОВСКИ ДОБИ КАЗНА ОД 14 ГОДИНИ ЗАТВОР, А ГАЗДАТА ДУРМИШ БЕЛУЛИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ - роднините на загинатите во Ласкарци со солзи во очите ги дочекаа пресудите
Казна од 14 години затвор доби возачот Маноил Јаковлевски, кој на кобниот ден го возел автобусотр за Ласкарци, и иако знаел дека уредот за мерење на брзината е расипан, возел со повисока брзина од 99 киломертри на час, иако дозволемната брзина била 80 кило,метри на час.
Сопственикот на Дурмо Турс Дурмиш Белули ќе лежи казна затвор од 4 години, Ремзи Мифтари вработен во неговата комапнија доби казна од 6 години, додека Игор Ѓоргиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски имаат по петѕ години затвор.
Највисока казна доби возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кој заработи 14 години кзана затвор.
Вкупната казна затвор е 39 години за сите шестина осудени во овој случај.
Ова одлука ја донесе Кривичниот суд, а судијката нашироко ги објасни причините поради кои е донесена оваа пресуда.
Оваа автобуската несреќа се случи во 2019 година, а во неа животот го загубија 16 патници, а вкушпно повредени се 38 лица.
Пресудите беа изречени во присуство на дел од семејствата на починатите, кои со солзи во очите ги дочекаа изречените мерки за осудените.
Во годините затвор ќе им се пресмета и притворот кој досега го поминале во исчекување на пресудите.
Треба да платат по 10.000 денари, и да им ги покријат сите судски трошоци на оштетените, кои, пак, за надоместгоци ќе треба да водат друга постапка.
Сите осудени сторичле тешки дела во сообраќајот против животот и безбедноста, едни како сопственик и вработен во компанијата, возачот, а другите како контролори во техничката станица во која се прегледувал автобусот.
Поради возење со брзина над дозволената и неисправи сопирачки и поголема тежина на автобусот, дошло до удирање и излизгување на автобусот.
За сопственикот Белули судијката рече дека тој не се придржувал на прописите за превоз во сообрачајот, иако бил свесен за штетите и штетните последици што можат да настанат и да се предизвика опасност за животот и здравјето на граѓаните, а истото важи и за одговорниот во компанијата Ремзи Мифтари.
Не се придржувале ниту до правилата за пауза во возењето на возачите.
Мифтари не водел контрола на тахографот, а и ги немал потребните компетенции за работата. Биле правени манипулации со тахографот, односно тој бил исклучуван, а возачите тоа го знаеле. Па така, при возењето на него се бележеле помали брзини од оние по кои возачите фактички возеле.
Контролорите во станицата со несовесно вршење на својата должност при вршењето на техничкиот преглед и нерегистрирањето на неисправноста на автобусот го загрозиле животот и безбедноста на граѓаните.
Практично, иако знаеле дека автобусот е неисправем, со печат потврдиле дека е исправен.
Маноил Трифуновски бил свесен дека вози со брзина од 99 киломертри на час, или 19 над дозволените 80, но и дека тоа не е правилно регистрирано на тахографот, но кога пред селото Ласкарци дошло до благ свиок, наместо да се одржува движење на десната страна, тој прешол лево, по што се удрил во оградата.
Односно, се возело со недозволена брзина и недоволно ефикасен систем за сопирање, па автобусот удрил во оградата, излетал и продолжил да се лизга. Со тоа настапи смрт на 16 лица, а вкупно се 38 повредени, од кои дел се останати и со траен инвалидитет.
Судијката рече дека го цени трудот на медиумите кои известуваа за овој случај, иако главно како суд биле изложени на критики.
Н.Н.Ф.