Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачот кој влета со автомобил во Вардар сакал да се самоубие

Возачот кој влета со автомобил во Вардар сакал да се самоубие

Возачот кого безбедносна камера го сними при моментот на излетување со неговиот автомобилот во Вардар кај Веро Џамбо во Скопје, наводно сакал да се самоуби, велат последните информации.

На видеото објавено во саботата се гледа како автомобилот марка Киа со огромна брзина ја пробива оградата и излетува во Вардар.

Според МКД.мк станува збор за обид за самоубиство. Според нив, В.К. претходно бил во полициска станица, зборувал со полициски службеници, а потоа се качил во автомобилот и со намера да се самоубие тргнал кон Вардар.

Деталите со која брзина возел за сега не се познати, а се прават и анализи да се утврди дали возел под дејство на недозволени супстанци и алкохол. Возачот со повреди е префрлен во болница и се наоѓа на лекување.

Не се познати и детали за тоа зошто влегол во полициска станица.


Слично

Поврзани вести