Возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити Мол“ призна вина
Јордан Ѓоргиев, возачот кој во сообраќајна несреќа кај Скопје Сити Мол ја усмрти Викторија Николова на пешачки премин, денеска призна вина во Основниот кривичен суд.
„Се чувствувам виновен, многу се каам. Свесно го давам признанието. Никој не ме уценувал. Јасно ми е дека ќе следи санкција, дека ќе ги платам трошоците на постапката, како и имотно правните побарувања“, кажа Ѓоргиев пред судијата Љубинка Башевска.
Она што е познато од денешното рочиште е тоа што семејството Николови нема да бара имотно-правни побарувања бидејќи тоа ќе го оствареле преку осигурителна компанија, додека Леонид Даов, момче на починатата Викторија, ќе бара имотно правно побарување.
Според
обвинението, Ѓорѓиев возел со брзина од 67,3
километри на час, што е за 17,3 километри
на час поголема од максимално
дозволената, не застанал иако видел дека
има пешаци и ја прегазил Викторија, заедно
со нејзиното момче Леонид кој имаше
полесни повреди.
