Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачот кој ја прегази девојката од Радовиш оди во притвор

Возачот кој ја прегази девојката од Радовиш оди во притвор

Судија на претходна постапка вечерва донесе решение за изрекување мерка 30 дена притвор за 22- годишниот скопјанец Ј.Ѓ., кој со возило Цитроен ја прегази 24- годишната девојка од Радовиш на прешачки премин кај Сити Мол.

„По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на ЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.“, велат од Обвинителството.

Возачот кој синоќа на Партизанска ја прегази 24 годишната девојка  беше приведен во полициска станица.

Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница.

Слично

Поврзани вести