ВОЗАЧОТ КОЈ ГО УСМРТИ ДЕВОЈЧЕТО ОД ВЕЛЕС ИМАЛ 29 ГОДИНИ И ИЗБЕГАЛ - МВР со детали за ужасната сообраќајка
И МВР конечно со детали за страшната сообраќајка во која брутално беше прегазено девојче од 11 години, по што возачот избегал од местото на настанот.
Од билтенот на МВР може да се види декз возачот имал 29 години.
„На 17.12.2022 околу 22.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото. Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со телесни повреди се здобила Е.И., констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Велес. По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во билтенот на полицијата.
Слично
