ВОЗАЧОТ И СОПАТНИКОТ СКОКНАЛЕ ПРИ ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛОТО: Во камион фатена група мигранти
Полицијата соопшти дека открила 42 мигранти во камион во југоисточниот дел на земјата во близина на границата со Грција.
Полициска патрола го следела камионот кај градот Стар Дојран, кој се наоѓа на 160 километри јужно од главниот град Скопје, со намера да го запре и да го прегледа, но пред да успеат да го направат тоа, камионџијата и сопатникот скокнале додека возилото било во движење.
Камионот потоа се свртел и удрил во полициската патрола, а при ударот полицајците не биле повредени.
Полицијата во камионот пронашла 41 мигрант од Сирија и еден од Бангладеш, а во несреќата никој од нив не е повреден.
Група мигранти е префрлена во прифатен центар за мигранти во пограничниот град Гевгелија, каде што чекаат депортација назад во Грција, од каде што полицијата претпоставува дека дошле.
Во последните шест месеци ова е прва поголема група мигранти откриена во Македонија, се вели во соопштението на полицијата.
Македонија беше главна рута за мигрантите кои сакаа да одат во побогатите европски земји, но од почетокот на пандемијата на корона вирусот и заострените гранични контроли, Албанија стана претпочитана дестинација за мигрантите кои преминуваат од Грција на пат кон централна и Северна Европа.