Возачите во Скопје мака си немаат: МВР вчера казнила 56 за пребрзо возење
Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои седум со телесни повреди и пет со материјална штета, информираат од МВР.
При сообраќајните незгоди 16 лица се здобиле со лесни телесни повреди. 56 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 24 возачи, бидејќи 11 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, пет биле возачи почетници и осум го управувале возилото под дејство на алкохол. 28 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 25 биле нерегистрирани, едно технички неисправно и две со претовар. Четворица возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минувивање на пешаци, двајца неправилно се престроиле, седум неправилно престигнувале и 12 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози, додека исто така 69 возила се подигнати со "Пајак".
