Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачи заобиколувајте го патот Удово - Гевгелија, кај Марвинска-има сообраќајна незгода и е во прекин

Возачи заобиколувајте го патот Удово - Гевгелија, кај Марвинска-има сообраќајна незгода и е во прекин

Сообраќајна незгода е причината поради која утринава 20 минути после 8 часот, сообраќајот кај Марвинска е прекинат.

Доколку патот утрово ве носи кон магистралниот пат А1 Удово - Гевгелија избегнувајте го или заобиколете од споредни патишта.

За моменталната состојба на патиштата известуваат од АМСМ откаде што посочуваат дека има промени и во режимот на сообраќај на патниот правец Неготино - Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово

Таму сообраќајот, како што се соопштува ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Вијадукт Трејд - ДООЕЛ, известува дека во Неготино временото решение е изменето и возилата ќе се исклучуваат од магистралниот пат на регионалниот пат (Р - 1102) кај клучката Тремник, каде до Демир Капија ќе се вози по регионалниот пат.

А од 27 јуни на клучка Илинден и клучка Врапчиште се изведуваат градежни активности кои ќе траат околу 1 месец.

Слично

Поврзани вести