Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ ВОЗЕТЕ ПОЛЕКА: Патиштата лизгави со остатоци од снег-каде има забрани?

ВОЗАЧИ ВОЗЕТЕ ПОЛЕКА: Патиштата лизгави со остатоци од снег-каде има забрани?

И денеска сообраќајот ширум земјава се одвива во отежнати зимски услови.

Се уште има снежни остатоци а АМСМ според последните информации од 09 часот соопшти дека патниот правец Свети Николе-Куманово од утринава е прооден за сите видови возила.

Ако патувате преку Куманово – Крива Паланка бидете многу внимателни и возете со зимска опрема.

На  патните правци Маврово – Дебар и Кочани – граничен премин Делчево се уште е забранет сообраќајот за  тешки товарни возила а забрана има и на планинскиот премин Плетвар.

Денеска се очекува и поголем интензитет од внаштрешноста кон главниот град откаде граѓаните ќе се враќаат по празниците .

Слично

Поврзани вести