Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Влажни коловози и магла низ Македонија

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Влажни коловози и магла низ Македонија

Влажни коловози и магла има вечерва на патиштата. 

Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Слаб дожд врне низ цела Македонија, а поради магла видливоста на патниот правец село Лисец – Попова Шапка е намалена до 50 метри.

ЈП „Македонија пат“ чии екипи се постојано на терен и ги одржуваат патните правци, апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

На дел од патните правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.

Слично

Поврзани вести