Возачи внимавајте: Свлечиште има во Западна Македонија
Свлечиште има во Западна Македонија.
На магистралата Кичево-Осломеј кај селото Осломеј има свлечиште на патот и сообраќајот се одвива во една коловозна лента.
Информирани се РЕК „Осломеј“ како надлежни за одржување на овој патен правец и во текот на денот се очекува да преземат мерки за да се оспособи во целост овој патен правец.
По обилните врнежи од дожд и наглото топење на снегот, по навремено преземените мерки од надлежните општински служби немаше поплави во големи размери во Кичево.
Слично
