Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, стои во соопштението од Авто мото сојузот на Македонија. 

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Се чека минимално за преминување на границата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Слично

Поврзани вести