ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Подмрзнување на осојници има на еден патен правец
На еден патен правец во државата возачите треба да обрнат внимание затоа што има подмрзнување.
Поради ниските температури има подмрзнување на осојниците на патниот правец крак Маврово-Дебар во двата правци, соопшти Диспечерскиот информативен центар на ЈП „Македонија пат“.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, информираше денеска Авто мото сојузот на Македонија.
Слично
