Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: периодов демнее опасност од ЦРН ЛЕД

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: периодов демнее опасност од ЦРН ЛЕД

Црвениот метео-аларм се вклучи поради екстремно студеното време и тоа проследено со врнежи од дожд кои ќе заледуваат во текот на денот. Оваа појава се нарекува „ црн лед“.

Црниот лед е опасен проблем кој се појавува во текот на зимата кога се работи за возење, затоа што дождот заледува и создава слој од лед кој е неверојатно лизгав, а речиси не може да го забележите.

Настанува кога врне, а температурата на воздухот е под нулата. Ледениот слој што се создава има иста боја како и асфалтот и создава голем проблем на возачите во сообраќајот.

Неколку совети како полесно да се справите со оваа појава:

- Задолжително држете поголемо растојание, затоа што при застанување на црн лед потребно е дупло повеќе време

-Немојте да сопирате нагло и држете го воланот право како би избегнале излизгување

- Ако се случи да се излизгате со автомобилот, ни случајно немојте нало да маневрирате со воланот

- Внимавајте на мостовите и тунелите кои се повеќе опасни



Слично

Поврзани вести