Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Магла има на Стража!

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Магла има на Стража!

На планинскиот превој Стража намалена е видливоста поради појава на магла од 80 – 100 метри.

На останатите патишта низ Македонија сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози, информира „Македонија пат“.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.  Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Слично

Поврзани вести