Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачи Внимавајте: Кај Смилковци се излева вода на коловозот

Возачи Внимавајте: Кај Смилковци се излева вода на коловозот

Од АМСМ информираат дека на  патниот правец А2 Хиподром - Сарај (Обиколница на Скопје), на 7-ми километар кај Смилковци се излева вода на коловозот во двата правци во должина од 10 - 15 метри.

Од страна на ЈП Македонија пат e поставена соодветна сообраќајна сигнализација и и на овој дел од патот се препорачува внимателно управување со возилата и брзина на движење до 30 км/ч.

На патниот правец Страцин - Крива Паланка, на излез од Страцин во правец кон Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот уште е во целосен прекин за секаков вид на моторни возила. Сoобраќајот се пренасочува преку Виница - Берово и Делчево.

Слично

Поврзани вести